МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА НА ТЕРЕН – Балканот се поврзува, Македонија со нова 400 kV енергетска врска

Оваа посета е дел од заложбата на министерката Божиновска за директен увид во напредокот на клучните енергетски проекти и редовна теренска комуникација со стручните тимови.

МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА НА ТЕРЕН – Балканот се поврзува, Македонија со нова 400 kV енергетска врска
Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска изврши теренска посета на градилиштето каде се гради новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), значаен дел од интерконекцискиот проект Македонија-Албанија. Овој проект опфаќа две компоненти: LOT 1 – далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2 – изградба на трансформаторската станица во близина на селото Мешеишта.

На терен, министерката се запозна со динамичните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 m². Изведуваат се градежни работи на потпорни ѕидови, теренски наклони, како и изградба на командната зграда. Комплетирани се фундаменти, а започната е и монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројката.

„Со овој проект, Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија. Се создаваат услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и се отвора простор за приклучување на нови производствени капацитети од обновливи извори – што е наш врвен приоритет,“ изјави министерката Божиновска.

Изградбата на новата 400 kV линија претставува стратешко зајакнување на националната електроенергетска мрежа. Овој потег ќе овозможи целосна електроенергетска интеграција со соседните држави, што ќе резултира со зголемена мрежна стабилност и доверливост, како и можност за учество на Македонија на регионалните пазари за балансни и системски услуги.

При посетата, министерката беше информирана за текот на работите од страна на проект-менаџерот Дарко Докузовски.

Оваа посета е дел од заложбата на министерката Божиновска за директен увид во напредокот на клучните енергетски проекти и редовна теренска комуникација со стручните тимови.

CATEGORIES
TAGS
Share This