МИЦКОСКИ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОЗИТИВНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ТУРИЗМОТ Порастот на туризмот ќе донесе економски бенефити и повеќе пари за граѓаните

Мицкоски најави и нови разговори со меѓународни туроператори, уверувајќи дека двоцифрен раст на туризмот и во следниот период е реален и остварлив.

МИЦКОСКИ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОЗИТИВНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ТУРИЗМОТ Порастот на туризмот ќе донесе економски бенефити и повеќе пари за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од позитивните трендови во македонскиот туризам, истакнувајќи дека во првите четири месеци од 2025 година е забележан пораст од преку 20 проценти во бројот на туристи и остварени ноќевања.

„Тоа се добри податоци – повеќе туристи значи повеќе ноќевања, а тоа директно носи повеќе пари за граѓаните кои нудат услуги. Ако секој турист во просек остави по 800 евра надвор од аранжманот, тоа се стотици милиони евра кои остануваат во земјата“, изјави Мицкоски при посетата на Клиниката за детски болести.

Тој додаде дека Владата активно работи на привлекување нови туристички пазари, вклучувајќи директни договори со туроператори. Во моментот, како што рече, веќе престојуваат 40.000 туристи од Западна Европа, што резултирало со околу 160.000 ноќевања, најмногу во период надвор од класичната сезона за Охрид.

Очекувањата за следната година се уште повисоки – половина милион ноќевања само надвор од сезона, како и до 1,5 милиони туристи во текот на целата 2025 година. Минатата година, според официјалните податоци, во земјата имало 1,2 милиони туристи и 3,5 милиони ноќевања, а оваа година се очекуваат најмалку 4 милиони ноќевања.

„Сето ова директно влијае на растот на БДП и економскиот развој на земјата. Туризмот е двигател на неколку сектори и го третираме како стратешка индустрија“, додаде премиерот.

Мицкоски најави и нови разговори со меѓународни туроператори, уверувајќи дека двоцифрен раст на туризмот и во следниот период е реален и остварлив.

CATEGORIES
Share This