МИЦКОСКИ СО УБАВА ВЕСТ – Цените на горивата веднаш паѓаат
Намалување на акцизите доведува до тао дизелот да поевтини за 4 денари, бензините за 2 денара.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе преземе дополнителни мерки за намалување на притисокот врз стандардот и инфлацијата со намалување на акцизата.
Дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а бензините за 2 денара по литар. Мерките ќе се донесат на утрешната седница на Владата. Мицкоски објасни дека без намалувањето на акцизите, дизелот требаше да поскапи за околу 7 денари, а бензините за 1,5-2 денара. Со новите мерки, дизелот ќе се коригира за околу 3 денари.
Попустот на „Окта“ од 3 денари за дизелот истекува, а Владата ќе преговара за продолжување. Доколку се продолжи попустот од 2 денара, бензините ќе добијат дополнително намалување од 2,5 денари.
Намалените акцизи ќе значат помалку десетици милиони евра во буџетот, но премиерот тврди дека средствата се доволни. Веќе е исплатена првата рата од 25 милиони евра за солидарниот данок, а ќе се реализираат сите колективни договори и мерки за помош на граѓаните.
Намаленото ДДВ за горивата од 10% ќе продолжи уште две недели. Министерството за финансии анализира можност за намалување на ДДВ на основни прехранбени производи од 5% на 0%, но оваа мерка ќе биде дополнително разгледана.
Мицкоски очекува инфлација во март помеѓу 4 и 5%. Премиерот предупреди дека нѐ чека тешка година и дека Владата се подготвува за подолг и потежок период. Ребаланс на буџетот се планира за јули, по завршување на сите потребни процедури во мај и јуни.
Во моментов нема потреба од ограничување на потрошувачката на гориво. Потрошувачката се зголемила од 10% на 15% од почетокот на годината. Продуктоводот Солун-Скопје има нафтени деривати за 60 дена, а во стоковите резерви за 62 дена.
Европската унија се подготвува за продолжен енергетски шок поради војната на Блискиот Исток. Се разгледуваат сите опции, вклучително рационализирање на горивото и активирање на дополнителни резерви. Комесарот за енергија на ЕУ, Ден Јоргенсен, предупреди дека цените на енергијата ќе останат високи долго време и дека некои покритични производи можат да поскапат дополнително.
