МИЦКОСКИ СМИРУВА – Сè е под контрола, но предупредува на нови предизвици
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека институциите будно ја следат состојбата и ќе реагираат навреме

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и целосно под контрола, и покрај актуелните случувања на Блискиот Исток.
„Состојбата е стабилна, без осцилации. Апсолутно ја имаме под контрола. Предизвици постојат и ќе постојат, но институциите внимателно ја следат ситуацијата и ќе реагираат доколку има потреба“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој денеска присуствуваше на презентацијата на 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од Соединетите Американски Држави.
Настанот се одржа во касарната Страшо Пинџур во скопски Петровец, во присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, како и претставници на Амбасадата на САД и армиското раководство.


