МИЦКОСКИ ОСТВАРИ РАЗГОВОР СО ПРЕМИЕРОТ НА КАТАР – Зајакнување на билатералните односи

Во фокусот беа безбедносните предизвици во регионот и нови можности за економска соработка помеѓу двете земји

МИЦКОСКИ ОСТВАРИ РАЗГОВОР СО ПРЕМИЕРОТ НА КАТАР – Зајакнување на билатералните односи
Фото: Принтскрин

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. Главни теми на разговорот беа актуелните безбедносни предизвици и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Мицкоски упати порака на поддршка до Катар во светло на ескалацијата на воениот конфликт во регионот.

„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења за актуелните регионални и глобални предизвици и ја нагласивме важноста на стабилноста, мирот и соработката“, изјави премиерот Мицкоски.

Двајцата соговорници потврдија заложба за понатамошно зајакнување на пријателските односи, со посебен акцент на отворање нови можности за економска соработка во интерес на граѓаните на двете држави.

CATEGORIES
Share This