МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ОДЛИЧНА ВЕСТ – Платите во јавниот сектор растат до 40%
Со договорот се обезбедува долгорочен и предвидлив раст на платите во јавниот сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата постигнала значаен договор со синдикатите УПОЗ и САДУ, со кој се предвидува етапно зголемување на платите за вработените во државната администрација, судовите и обвинителствата. Согласно договорот, платите треба да пораснат за речиси 40 проценти до 2028 година.
Станува збор за пакет мерки што опфаќа околу 11.000 вработени, при што Владата, како најголем работодавач во државата, воспоставува долгорочен механизам за обезбедување достоинствени примања. Мицкоски оцени дека ова претставува историски чекор, бидејќи за првпат се воспоставува јасен и предвидлив план за усогласување на платите во јавниот сектор.
Премиерот истакна дека по претходно постигнатите договори со вработените во образованието и здравството, со овој договор се заокружува уредувањето на платите и во државната администрација. Според него, зголемувањата се резултат на одговорно и домаќинско управување со јавните финансии, и покрај глобалните економски предизвици.


