МИЦКОСКИ: НЕ ПЛАНИРАМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ Сепак во одредени сектори може да се дозволи доброволно продолжување

Тој најави анализи за реформи во здравството, социјалата и пензискиот систем, нагласувајќи дека промените нема да бидат на товар на граѓаните, туку ќе се насочат кон спречување злоупотреби

МИЦКОСКИ: НЕ ПЛАНИРАМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ Сепак во одредени сектори може да се дозволи доброволно продолжување

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не се планира зголемување на старосната граница за пензионирање, но дека во одредени сектори, како високото образование, може да се дозволи доброволно продолжување на работниот стаж. Тој најави анализи за реформи во здравството, социјалата и пензискиот систем, нагласувајќи дека промените нема да бидат на товар на граѓаните, туку ќе се насочат кон спречување злоупотреби.

Мицкоски посочи дека во системите на социјална помош се откриени случаи на неправилни трансфери, па преку дигитализација и намалување на сивата економија се очекуваат големи заштеди. Тој вели дека буџетот за здравство е историски висок, но дека е потребна поголема борба против корупцијата, за што ќе се отворат и телефонски линии.

Во однос на минималната плата, премиерот истакна дека Владата ќе го почитува секој консензус постигнат во Економско-социјалниот совет меѓу работниците и работодавачите.

CATEGORIES
Share This