КРАЈ НА ЕСТРАДАТА Институциите да постапуваат за случајот Димитровска
Тој посочи дека одговорноста може да биде морална или правна, но одлуките треба да ги донесат надлежните институции.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е „крајно време да се стави крај на естрадата“, коментирајќи ги барањата за оставка на претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, осомничена за оддавање службена тајна.
Тој посочи дека одговорноста може да биде морална или правна, но одлуките треба да ги донесат надлежните институции. Потсети и на неуспешните обиди на Собранието при гласањето за интерпелација на членови од Судскиот совет.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така изјави дека без правосилна пресуда, законодавниот дом не може да постапува, освен во делот на етиката, и тоа по иницијатива на пратеници преку Комисијата за избори и именувања.
Од Левица денеска најавија дека ќе поднесат предлог за разрешување на Димитровска, оценувајќи дека е недозволиво Собранието да остане пасивно во ситуација со сериозни сомнежи за функционер од висок ранг.
Сè уште нема официјална реакција од Комисијата за избори и именувања, а нејзиниот претседател Ѓоргија Сајковски не одговори на обидите за контакт.


