МЕСИ ОТКРИВА Барселона е мојот вистински дом!

МЕСИ ОТКРИВА Барселона е мојот вистински дом!

Лионел Меси, легендарниот фудбалер, повторно ги сподели своите чувства за разделбата со Барселона, клубот во кој помина најголемиот дел од својата кариера. Во своето излагање, Меси откри дека секогаш посакувал да остане во редовите на „блаугана“. „Вистината е дека заедно поминавме многу, и добри и лоши моменти, нешто што е нормално за една долга кариера. Не е сè розово и има тешки времиња. Но тоа е мојот дом, моето место, моите луѓе. Со задоволство би ја поминал целата своја кариера таму, без да се преселам во друг клуб. И… би играл само таму, во Европа.“

Меси истакна дека и покрај тоа што работите не се развија како што посакувал, тој секогаш ќе ги чува спомените од времето поминато во Барселона. „За жал, работите се развија поинаку, но секогаш ќе ги чувам сеќавањата за сите моменти што ги поминавме заедно. И сум благодарен за тоа.“

Тој се присети на необичната година кога мораше да го напушти клубот без присуство на навивачите поради пандемијата. „Долго време не бев во Барселона, откако последен пат бев на стадионот. Мораше да го напуштам клубот без навивачи поради пандемијата, така што беше необична година. И, е, има толку многу прекрасни спомени, голема благодарност до сите кои учествуваа. И, се разбира, имам посебна љубов кон сите.“

Меси не крие дека планира да се врати во Барселона. „Се разбира, ќе се вратам. Ќе бидам на стадионот како секој друг навивач, ќе го поддржувам тимот, клубот, како само уште еден навивач. Во моментов, веројатно ќе бидам тука уште неколку години, но ќе се вратиме во Барселона, бидејќи, како што секогаш сум кажувал, тоа е моето место, мојот дом. Многу ни недостасува, така што дефинитивно ќе се вратиме таму.“

CATEGORIES
Share This