„МЕСЕЧИНИТЕ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ“ Објавена нова книга со избор раскази на Ацо Гогов

Ацо Гогов (1971, Струмица) е автор е на три книги проза: „Географија на маленкоста“ (песни во проза, 2009), „Единствен матичен број“ (кратки прози и раскази, 2012) и „Триптихон“ (кратки прози, 2017).

„МЕСЕЧИНИТЕ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ“ Објавена нова книга со избор раскази на Ацо Гогов

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата со избор раскази на Ацо Гогов со наслов „Месечините на нашите животи. Книгата содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот од една зачудна, изместена перспектива, некаде на границата помеѓу јавето и сонот. Авторот наоѓа начин да ја еродира баналноста на секојдневието, и да продре до метафизичките својства на постоењето, при што играта и поигрувањето, кои се јавуваат како некои од основните својства на неговиот авторски ракопис, не се само забава, туку се соочување со сопствената судбина и со судбината на светот. Неговата поетика потсетува на поетиката на Данил Хармс, Е. Т. А. Хофман… Од текстовите излегува раскошен свет, изграден од мноштвото мали и навидум неважни теми и настани и секако обични луѓе кои запаѓаат во најнеобични ситуации.

Ацо Гогов (1971, Струмица) е автор е на три книги проза: „Географија на маленкоста“ (песни во проза, 2009), „Единствен матичен број“ (кратки прози и раскази, 2012) и „Триптихон“ (кратки прози, 2017). Автор е и на две есеистички книги: „Децата на Мнемосина“ (театарски записи, 2019) и на „Патот накај дома“ (есеи, 2024). Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата по општа и компаративна книжевност (научна насока). Работи како драматург во струмичкиот театар. Застапен е во првата македонска антологија на песни во проза „Бденија и виденија“ (2013), како и во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (2022).

Книгата ,,Месечините на нашите животи“ е избор од песните во проза, микрофикциите и расказите од трите прозни книги на авторот. Во изборот се вклучени и нови прози, необјавени досега.

CATEGORIES
Share This