МЕРКЕЛ ПОРАЧУВА – Европа треба да преговара со Русија, не само САД

Поранешната германска канцеларка истакнува дека ЕУ треба и дипломатски да делува за прекинување на конфликтот во Украина.

МЕРКЕЛ ПОРАЧУВА – Европа треба да преговара со Русија, не само САД
Фото: Принтскрин

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, смета дека ЕУ треба не само да обезбеди воена поддршка за Украина, туку и да делува дипломатски за прекинување на конфликтот.

Во интервју за „Зидојче Цајтунг“, Меркел потсети дека уште во 2021 година верувала дека преговорите со Русија не треба да се препуштаат само на САД.

Таа исто така нагласи дека Европа мора да стане понезависна од Вашингтон, особено во дигиталната сфера, и да ја земе својата судбина во свои раце.

CATEGORIES
Share This