МЕРЦ: ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ – Русија не смее да бара територијални отстапки од Украина

„Барањето на Русија Украина да предаде делови од Донбас е исто како САД да мораат да се откажат од Флорида“, порача германскиот канцелар, додавајќи дека ваквите услови се неприфатливи за Европа и за демократскиот свет.

МЕРЦ: ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ – Русија не смее да бара територијални отстапки од Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува агенцијата ДПА.

„Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот лидер во наредните две недели“, рече Мерц пред новинарите.

Сепак, германскиот канцелар додаде дека останува неизвесно дали Путин ќе има храброст да учествува на ваква средба, истакнувајќи дека ќе биде потребно дополнително убедување за реализација на состанокот.

Мерц, кој беше дел од европската делегација на разговорите во Вашингтон со Трамп и Зеленски, нагласи дека Украина не смее да биде притискана да отстапува територии во рамките на можните преговори.

 

CATEGORIES
Share This