МЕРЦ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ПАРИ ЗА СÈ Најави сериозни кратења на државните трошоци и тешки реформи

Германската влада располага со буџет од 560 милијарди евра, најголем во историјата на земјата. Сепак, неговото финансирање вклучува и дополнително задолжување од околу 210 милијарди евра.

МЕРЦ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ПАРИ ЗА СÈ Најави сериозни кратења на државните трошоци и тешки реформи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека Германија се соочува со сериозни финансиски ограничувања и дека државата во иднина нема да може да ги финансира сите досегашни расходи од даночните приходи.

„Веќе немаме пари за сè“, порача Мерц во Бундестагот за време на дебатата за државниот буџет, подготвувајќи ја јавноста за поголеми ограничувања во јавната потрошувачка.

Германската влада располага со буџет од 560 милијарди евра, најголем во историјата на земјата. Сепак, неговото финансирање вклучува и дополнително задолжување од околу 210 милијарди евра.

Мерц оцени дека Германија се наоѓа во критична ситуација и дека се неопходни реформи во системите за социјална заштита. Според него, доколку државата продолжи да троши без соодветни промени, идните генерации ќе имаат сè помалку финансиски средства на располагање.

Тој призна дека актуелниот буџет не е идеално решение, но го оцени како неопходен во услови на зголемени потреби за одбрана, инфраструктура и справување со економските предизвици.

Предупредувањата на канцеларот доаѓаат во период кога германската влада веќе се соочува со тешки преговори за идните буџетски расходи, а следниот буџетски период би можел да донесе уште поголеми финансиски предизвици.

CATEGORIES
Share This