МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО КРШИ МОЛКОТ – Ова сум јас
Експерт за говор на телото открива што трејлерот кажува за нејзината личност

По објавувањето на трејлерот за документарецот за Меланија Трамп, експертот за говор на телото Дарен Стентон ја анализираше нејзината појава и однесување.
Документарецот на Амазон, насловен „Меланија“, ја следи првата дама во деновите пред инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година. Гледачите добиваат увид во тоа како таа ги организира подготовките за инаугурацијата, се справува со комплексноста на транзицијата во Белата куќа и го сместува своето семејство во главниот град на нацијата. Филмот, кој ѝ донесе на Меланија околу 40 милиони долари, ќе биде прикажан во кината на 30 јануари следната година.
Според анализата на Стентон, трејлерот ја прикажува Меланија како „исклучително самоуверена и моќна жена“ која долго време беше во сенка. Иако често се појавуваше покрај Доналд Трамп на јавни настани, сега таа покажува дека има сопствен глас и идеи што сака да ги искаже. Неговиот заклучок е дека нејзиниот говор на телото во трејлерот изразува самодоверба: исправено држење, елегантни и контролирани движења, софистицирана облека, отворени дланки и постојан контакт со очите. Нејзиниот тон на говор е смирен и конзистентен, без знаци на несигурност.
Стентон истакнува и моменти кога таа покажува фрустрација, на пример, во разговори по телефон со сопругот, што покажува дека нејзиниот живот не се врти околу него или неговата агенда.
Експертот заклучува дека документарецот е и стратешки потег за градење на личниот бренд на Меланија и подготовка за животот по Белата куќа.
„Овој филм е како момент на излегување од сенката и изјава од типот ‘ова сум јас, справете се со тоа’“, вели Стентон,
Додава дека тоа ѝ помага да го воспостави својот идентитет надвор од политичката кариера на Доналд Трамп.


