МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПАНТУРКИЗМОТ ДЕНЕС“ ВО БЕЛГРАД – Македонија претставена од проф. д-р Јанко Бачев

Нашата најсилна алатка – вистината мора да се промовира во секоја прилика, особено на настани со меѓународно значење, каде учествуваат бројни научници од странство, како и претставници од амбасадите на Русија и Белорусија во Белград.

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПАНТУРКИЗМОТ ДЕНЕС“ ВО БЕЛГРАД – Македонија претставена од проф. д-р Јанко Бачев
Фото: Национал

Во организација на Институтот за политички студии при Владата на Република Србија, во Белград се одржа Меѓународна научна конференција под наслов „Пантуркизмот денес“.

На овој значаен научен собир, како единствен претставник од Република Македонија учествуваше проф. д-р Јанко Бачев. Тој го презентираше својот труд „Пантуркизмот низ призмата на меѓународното право со посебен осврт на односите меѓу Република Турција и Република Македонија“, во кој се изложени научно засновани ставови и тврдења од директен интерес за македонските национални и државни интереси.

Нашата најсилна алатка – вистината мора да се промовира во секоја прилика, особено на настани со меѓународно значење, каде учествуваат бројни научници од странство, како и претставници од амбасадите на Русија и Белорусија во Белград.

Конференцијата ја отвори директорот на Институтот за политички студии, проф. д-р Миша Стојадинович, а свое обраќање имаше и проф. д-р Јован Јањиќ, потпретседател на Собранието на Република Србија.

Во Зборникот на трудови од конференцијата се објавени истражувања на научници од 14 држави, при што трудовите се презентирани на три јазици: српски, руски и англиски. Уредници на изданието и организатори на конференцијата беа проф. д-р Зоран Милошевиќ и м-р Дајана Лазаревиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This