МАТИЈАС ГИДСЕН СО ОЦЕНА ЗА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА „Македонија е незгоден противник кој може да создаде многу проблеми“
Гидсел изјави дека Данците се добро подготвени и дека првиот натпревар секогаш има посебна тежина.

Лидерот на данската ракометна репрезентација Матијас Гидсел ќе биде еден од најследените играчи на Европското првенство. Данска, како домаќин, ќе ѝ биде прв противник на Македонија, а натпреварот ќе се игра во петок во Хернинг, пред околу 15.000 гледачи.
Гидсел изјави дека Данците се добро подготвени и дека првиот натпревар секогаш има посебна тежина. Тој ја оцени Македонија како незгоден противник кој знае да создаде проблеми, но нагласи дека целта на Данска е побрзо да го реши мечот и да наметне побрза игра со помалку физички дуели.
CATEGORIES Ракомет


