МАСОВНА БЛОКАДА НА СМЕТКИ – Градот Скопје блокира 17.694 сметки за неплатен данок на имот
Вкупниот долг на должниците изнесува 19,5 милиони евра, средства кои се клучни за инфраструктура и јавни услуги.

Фото: Национал
Градот Скопје блокираше 17.694 сметки на граѓани и компании за неплатен данок на имот за 2021 година, во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој апелира до сите должници да ги подмират обврските за данокот на имот за периодот 2022-2025 година во наредните 15 дена.
Ѓорѓиевски посочи дека 96.562 физички лица и 2.335 компании му должат на градот вкупно 19,5 милиони евра, средства кои се важни за инфраструктура, јавни услуги и подобрување на квалитетот на живот.
„Ред мора да има, а секој денар наплатен во буџетот значи повеќе проекти и подобар град за сите“, истакна градоначалникот.
Тој нагласува дека ова е само почеток на финансиската консолидација.
CATEGORIES Бизнис

