МАШИНИТЕ ЗА ПЕРЕЊЕ И СУШЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Подобро ја познаваат вашата облека отколку што ја познавате вие
Низ Европа, очекувањата за домашните апарати брзо се менуваат. Samsung Bespoke AI серијата е создадена за да одговори на нив со интелигенција, ефикасност и грижа вткаени во секој циклус.

Размислете кога последен пат навистина уживавте додека перевте алишта. За повеќето од нас, тоа е обврска што треба да се заврши, а не нешто на кое му се радуваме. Но, нешто се менува. Низ Европа, 73%[1] од потрошувачите велат дека сакаат апарати за перење со премиум функции како паметни сензори, функционалност со вештачка интелигенција и дизајн што навистина го олеснува секојдневниот живот. Во меѓувреме, 53%[2] од домаќинствата сега ја рангираат енергетската ефикасност и AI оптимизацијата како клучен фактор при изборот на нови апарати за перење. Побарувачката за функции за практичност, како што е функцијата со пареа, исто така порасна за 19%[3]на годишно ниво помеѓу 2024 и 2025 година. Пораката е јасна: луѓето не сакаат само машина за перење. Тие сакаат попаметен начин на живеење.
Интелигенција што се приспособува на вас
Поминавме долг пат од првите рачни машини за перење. Денешните потрошувачи бараат попаметни функции што обезбедуваат поефикасно и поквалитетно перење, а Samsung AI Wash е создаден токму со тоа на ум. Ниту едно перење не е сосема исто. Малку носена кошула бара многу поинаков третман од каллива спортска опрема, а AI Wash го разбира тоа.
Наместо да се потпира на однапред поставени програми, AI Wash[4] користи вградени сензори за да ја детектира тежината на вашата облека, да ја процени мекоста на ткаенината и да измери колку навистина е валкана облеката. Потоа автоматски ги прилагодува нивото на вода, количината на детергент, времето на натопување и плакнење и циклусите на центрифугирање — сето тоа во реално време и без вие да мрднете со прст. Резултатот? Облека што излегува чиста, секој пат. Тоа е перење со прецизност, а не со претпоставување.
Енергетска ефикасност без компромис
За сè поголемиот број Европејци кои гледаат вистинска вредност во ефикасните енергетски перформанси, Bespoke AI машината за перење ги исполнува очекувањата токму таму каде што е најважно. Најновиот модел троши до 65% помалку енергија[5] од минималните барања за класа А. Преку апликацијата SmartThings, AI Energy Mode[6] постојано ја следи и оптимизира потрошувачката на енергија, интелигентно прилагодувајќи се во текот на циклусите за да го намали вашето влијание врз животната средина без да ги жртвува перформансите. Пониски сметки значат помало влијание и попаметен дом.
Чистење со пареа што продира подлабоко од површината
Додека функцијата со пареа станува една од најбрзо растечките функции во премиум категоријата на апарати за перење, Samsung Hygiene Steam технологијата обезбедува навистина трансформативно чистење. Пареата се ослободува директно во барабанот, продирајќи во влакната на ткаенината за да елиминира до 99,9%[7] од бактериите, а истовремено ги неутрализирајќи ги алергените од домашните грини, поленот, влакната од домашни миленици и габите, невидливите закани што стандардниот циклус на перење едноставно не може да ги отстрани.
Беспрекорно чистење, прекрасно нежно
Навистина чистата облека не треба да значи нејзино изложување на непотребно абење. Samsung AI Ecobubble технологијата го раствора детергентот во фина, продорна пена уште пред циклусот да започне. Технологијата е особено моќна при пониски температури, подобрувајќи го отстранувањето на нечистотиите до 20%[8], а меурчињата помагаат нечистотијата да се одвои од ткаенините без користење висока температура. Помалку перења на висока температура значат облека што подолго изгледа како нова. AI Ecobubble е многу ефикасна со циклусот Less Microfiber, бидејќи нежните меурчиња го намалуваат ослободувањето на микро влакна од синтетичката облека до 54%[9].
Контрола во ваши раце, од каде било
Bespoke AI серијата ја става контролата токму таму каде што ја сакате. Користете го впечатливиот 7-инчен Smart Screen за да поставите циклуси и да го проверите напредокот или едноставно побарајте од Bixby, надградениот гласовен асистент на „Самсунг“ („Samsung“), да го направи тоа наместо вас. Започнете перење додека сте надвор, прилагодете ги поставките среде циклусот од вашиот телефон или дозволете SmartThings екосистемот беспрекорно да управува со сè како дел од вашиот поширок поврзан дом.
Бидејќи во својата суштина, токму тоа е она што луѓето навистина го бараат: 73% бараат попаметни апарати со вештачка интелигенција, а повеќе од половина ја ставаат енергетската ефикасност над сè. Апаратите со вештачка интелигенција го испорачуваат токму тоа на европските потрошувачи кои очекуваат повеќе од своите апарати: помалку напор, помала потрошувачка на енергија и интелигентна грижа за работите што ги ценат. Bespoke AI серијата го претвора секое од тие барања во завршена работа.
За дополнителна безгрижност и долготрајна сигурност во вашиот дом, „Samsung“ подготви и посебна понуда за 2+3 години продолжена гаранција на апаратите за домаќинство. Искористете ги сите предности на иновативната AI технологија и обезбедете вкупно 5 години заштита и поддршка за вашиот нов апарати.
[1] SmartLabX (надворешен) | Патека на купување на DA | Обединето Кралство, Полска и Италија | Март 2026
[2] NIQ gfknewron Consumer, глобално (освен Северна Америка и Русија), фактори за избор на мали апарати за домаќинство (SDA) по категорија, втор квартал 2024 – прв квартал 2025 г.
[3] NIQ Market Intelligence: Следење на продажбата. Глобално (освен Северна Америка и Русија), опфат на канали: малопродажба, раст на приходот од продажба (2025 наспроти 2024).
[4]Врз основа на интерни тестирања на Samsung. Потрошувачката на енергија на моделот WF90H/24 (9 kg) постигнува EEI од 18,2 (18,2 kWh / 100 циклуси), што претставува до 65 % поголема енергетска ефикасност во споредба со минималниот праг за класа А (EEI 52 за модели од 9 kg) според Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014. Резултатите може да варираат во зависност од условите на користење. Енергетските карактеристики се тестирани со програмата Eco 40–60.
[5] Врз основа на интерни тестирања на Samsung. Потрошувачката на енергија на моделот WF90H/24 (9 kg) постигнува EEI од 18,2 (18,2 kWh / 100 циклуси), што претставува до 65 % поголема енергетска ефикасност во споредба со минималниот праг за класа А (EEI 52 за модели од 9 kg) според Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014. Резултатите може да варираат во зависност од условите на користење. Енергетските карактеристики се тестирани со програмата Eco 40–60.
[6] Режимот AI Energy е достапен само за одредени програми. Може да се примени кога избраната температура на перење е меѓу 20 и 40 °C. Се заснова на внатрешно тестирање на моделот WW11BB944AGB при нормални услови на употреба. Заштеда на енергија до 70% се постигнува со перење на пониски температури со технологијата Ecobubble во споредба со стандардните поставки. Резултатите може да варираат во зависност од облеката и условите на употреба.
[7] Врз основа на извештајот од испитувањето на Intertek за програмата Hygiene Steam. Ги елиминира 99,9% од одредени бактерии. Врз основа на испитувањата спроведени од Британската фондација за алергии (BAF) за програмата Hygiene Steam. Намалувањето на алергените се однесува на изложеноста на грини од домашна прашина, мачки, кучиња, полен од трева и габи. Резултатите може да варираат во зависност од индивидуалните услови на употреба.
[8] Врз основа на внатрешно тестирање спроведено во согласност со стандардот IEC 60456-2010, со полнење од 4 kg, споредувајќи ги програмите „Памук“ (стандардна) со Ecobubble и „Памук“ (стандардна) без Ecobubble. Резултатите може да варираат. Функцијата за препознавање на ткаенината користи алгоритам со вештачка интелигенција и се активира само кога е избрана програмата AI Wash(+). Таа препознава 5 видови ткаенини (памук, деликатни материјали, крпи, тексас, облека за на отворено) при полнење до 2 kg. Точноста на препознавањето може да варира во зависност од составот на ткаенините.
[9] Врз основа на тестирање спроведено од лабораторијата „Ocean Wise Plastics Lab“ со полнење од 2 kg составено од дуксери од 100% полиестер. Спореден е циклусот „Synthetics“ на конвенционалниот модел на Samsung WW4000T со циклусот „Less Microfiber“ на моделот WW7000B. Резултатите може да варираат во зависност од облеката и условите.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.


