МАРКО РУБИО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА – Архивот доби ново раководство
Вршителот на должноста делегираше овластувања на Џејмс Бајрон, откако законот го ограничува мандатот на вршителите

Американскиот државен секретар Марко Рубио поднесе оставка од функцијата вршител на должноста директор на Националниот архив на САД, соопшти Националната администрација за архиви и евиденција (NARA).
Рубио се повлече согласно Законот за реформа на федералните слободни работни места, кој го ограничува времетраењето на мандатите на вршителите на должноста. Тој ги делегираше своите овластувања на Џејмс Бајрон, виш советник на архиварот во Националниот архив.
Функцијата национален архивар вклучува надзор над владините евиденции и раководење со Националниот архив, институција која беше остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп поради постапувањето со класифицирани документи во 2022 година, пренесува Ројтерс.
Рубио беше назначен за вршител на должноста архивар откако Трамп ја разреши тогашната архиварка Колин Шоган.
Националниот архив претходно побара враќање на документи отстранети од Белата куќа за време на првиот претседателски мандат на Трамп, што резултираше со рација на ФБИ во 2022 година во неговиот имот Мар-а-Лаго.


