МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ОВОЈ ДЕТАЉ ОД ДЕТСТВОТО НА МЕЛАНИЈА Сè започнало во Словенија

Првата дама откри како татко ѝ ја запознал со светот на трките, моќните автомобили и брзината.

МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ОВОЈ ДЕТАЉ ОД ДЕТСТВОТО НА МЕЛАНИЈА Сè започнало во Словенија
Фото: Принтскрин

Првата дама на САД, Меланија Трамп, откри интересен детаљ од своето детство во Словенија и љубовта кон автомобилите, трките и брзината, која, како што вели, ја развила под влијание на својот татко. Меланија за ова зборуваше во ретко интервју во живо за време на IndyCar трката Freedom 250 Grand Prix, одржана на 23 август по улиците на центарот на Вашингтон.

Во разговор со коментаторката на Fox Sports, Џејми Литл, таа откри дека интересот за автомобилите кај неа започнал уште во детството.

„Кога растев, татко ми ме запозна со трките и со тркачките автомобили. Тој поседуваше неколку неверојатни автомобили – Maserati, Cougar, Mustang и Mercedes“, раскажа првата дама.

Таа додаде дека преку татко ѝ се запознала не само со автомобилскиот дизајн, туку и со механиката и брзината.

Детството во Севница

Меланија Трамп пораснала во словенечкиот град Севница, каде што го носела презимето Кнавс. Нејзиното семејство живеело во станбена зграда изградена во времето на социјалистичка Југославија. Подоцна започнала кариера како модел, а во 1996 година се преселила во САД, каде што со текот на годините изградила меѓународна кариера и подоцна станала прва дама.

Овојпат, сепак, во центарот на вниманието беше помалку познат дел од нејзиното детство и влијанието на нејзиниот татко врз нејзината љубов кон автомобилите.

Зборуваше и за програмата за деца од згрижувачки семејства

Во интервјуто Меланија се осврна и на својата иницијатива „Fostering the Future“, која е насочена кон поддршка на младите кои растат во системот на згрижување или го напуштаат по полнолетството. Таа посочи дека програмата обезбедува стипендии за високо образование и им помага на младите полесно да стигнат до образование, вработување и финансиска независност.

Меланија истакна дека младите од згрижувачкиот систем треба да ги имаат истите можности како и сите останати деца, а ги повика и гувернерите во американските сојузни држави да ја поддржат иницијативата.

Само неколку дена претходно, на 20 август, таа во Роуз Гарден во Белата куќа зборуваше за проширување на националната мрежа на програмата. Најавена е и донација од два милиони долари од IndyCar и Fox Corporation, наменета за стипендии на Универзитетот во Индијана и Универзитетот Пердју. Нејзиното појавување во Белата куќа дојде по 32-дневно отсуство од јавноста. Говорот тогаш го започна со шега: „Добар ден. Слушнав дека сум ви недостигала. Еве ме.“

Трамп го означи стартот на трката

На Freedom 250 Grand Prix присуствуваа Доналд Трамп, Меланија Трамп, членови на семејството Трамп и претставници на американската администрација. Американскиот претседател го означи стартот на трката со зелено знаме, додека Меланија стоеше покрај него.

Патеката била долга околу 2,7 километри и била поставена околу National Mall, со што возачите минувале покрај познати американски знаменитости, меѓу кои Вашингтонскиот споменик, Конгресот и Националниот архив.

За Меланија, автомобилскиот спектакл имал и лично значење. Нејзиното откритие дека уште како девојче во Словенија се интересирала за тркачки автомобили и брзина откри досега ретко споменуван дел од нејзиното детство.

CATEGORIES
Share This