МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ НАГРАДЕНИ ЗА УСПЕХОТ – Поделба на 50.000 евра
Оваа премија претставува признание за напорите и резултатите на националниот тим, кој и понатаму останува дел од елитата на европскиот ракомет.

Македонската ракометна репрезентација успешно ја оствари својата главна цел = пласман на Европското првенство, со што го продолжува континуитетот на настапи на големите меѓународни натпреварувања.
Како награда за постигнатиот успех, ракометарите ќе ја поделат премијата во износ од 50.000 евра. Средствата беа претходно најавени како мотивациска мерка за обезбедување пласман на шампионатот.
Финансиската поддршка доаѓа од два извора – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Министерството за спорт, кои ветиле по 1,5 милиони денари секоја, што вкупно изнесува околу 50.000 евра.
Оваа премија претставува признание за напорите и резултатите на националниот тим, кој и понатаму останува дел од елитата на европскиот ракомет.
CATEGORIES Ракомет


