МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ И ВЛАДАТА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ, целта е унапредување на дигиталната трансформација и економскиот развој
Со новите инвестиции од 40 милиони евра до 2028 година, Телеком ќе обезбеди 70% покриеност со гигабитна мрежа, 99% покриеност со 5G, како и сопствен Дата центар.

Македонски Телеком и Владата на Република Македонија потпишаа Меморандум за разбирање со цел унапредување на дигиталната трансформација и економскиот развој. Документот го потпишаа генералниот директор на Телеком, Горан Марковиќ, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и раководството на Дојче Телеком.
„Ова е чекор кон дигитална иднина – модерна, ефикасна и поврзана држава“, изјави премиерот Мицкоски.
Со новите инвестиции од 40 милиони евра до 2028 година, Телеком ќе обезбеди 70% покриеност со гигабитна мрежа, 99% покриеност со 5G, како и сопствен Дата центар. Компанијата ќе продолжи со проекти за дигитална писменост, иновации и еднаков пристап до технологијата за сите граѓани.
Меморандумот е дел од пошироката стратегија за исполнување на европските цели за Дигиталната декада 2030 и забрзување на пристапувањето во ЕУ.


