МАКЕДОНСКА ПОШТА – Протести низ градовите поради неисплатени плати
Вработените истакнуваат лоши услови на работа – без греење, без основна опрема и со азбест во дел од просториите

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата земја. Причината за реакцијата е доцнењето на платите, кои до 23 јануари сè уште не им се исплатени.
Претседателот на синдикатот, заедно со вработените, најави дека протестите ќе продолжат сè додека платите не бидат исплатени.
Менаџментот бил предупреден дека ако следната плата не биде исплатена до 15 јануари, протестите ќе почнат веднаш, а како опција не е исклучен ниту целосен штрајк.
Вработените истакнаа дека покрај доцнењето на платите, работат во лоши услови – без греење, без основна опрема, а дел од просториите содржат азбест.
Протестот не е ограничен само на Скопје – вработени од повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска Пошта со истото барање.

