МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО КОАЛИЦИЈАТА НА ВОЛЈАТА Се носи голема одлука за Украина
Беким Сали учествува на состанокот во Париз каде сојузниците разговараат за дополнителна поддршка на украинската противвоздушна одбрана.

Фото: Принтскрин
Северна Македонија и Молдавија се приклучија кон таканаречената „Коалиција на волјата“, група на држави кои имаат за цел да обезбедат дополнителна поддршка за украинската одбрана.
Во рамки на иницијативата, денеска во Париз се одржува состанок посветен на постигнување договор за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана и обезбедување нови средства за таа намена.
На состанокот учествува и потпретседателот на Владата на Северна Македонија, Беким Сали, пренесуваат српски медиуми.
„Коалицијата на волјата“ ја сочинуваат земји кои се обврзуваат да придонесат кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, како одговор на руската воена агресија.
CATEGORIES Македонија


