МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕР ПРОТИВ УНГАРИЈА – Последен натпревар од претквалификациите за СП 2025

Иако мечот нема резултатско значење за ниту една од двете репрезентации, селекторот Марјан Илиевски најави дека „црвено-жолтите“ ќе се борат до крај.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕР ПРОТИВ УНГАРИЈА – Последен натпревар од претквалификациите за СП 2025

Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Унгарија во последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2025.

Иако мечот нема резултатско значење за ниту една од двете репрезентации, селекторот Марјан Илиевски најави дека „црвено-жолтите“ ќе се борат до крај. „Секој натпревар е важен за нас, па и овој ќе го одиграме со максимален ангажман. Ќе стојам зад овие играчи сè додека го даваат својот максимум“, изјави Илиевски.

Противникот, како што потенцира селекторот, е поискусна и поквалитетна селекција, но Македонија ќе се обиде со борбеност и поддршка од публиката да дојде до позитивен резултат.

CATEGORIES
Share This