МАКЕДОНИЈА СТАНА ЧЛЕНКА НА СЕПА следува револуција во евра-плаќањата
СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) е платна зона што ги вклучува сите 27 членки на ЕУ и дополнителни 14 држави, каде што евра-плаќањата се одвиваат по исти правила, без разлика дали се домашни или меѓународни. Тоа значи дека испраќањето пари во Германија или Франција ќе чини и трае исто како и домашна трансакција.

Македонија официјално се приклучи на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), откако Европскиот совет за плаќања ги регистрира првите четири македонски банки. Од 6 октомври тие ќе започнат со СЕПА-плаќања, а останатите банки ќе се приклучат до август.
СЕПА овозможува брзи, безбедни и евтини евра-плаќања во 41 земја. За граѓаните и компаниите ова значи пониски трошоци, побрзи трансакции и директен пристап до европски платни системи.
Според Светската банка, Западен Балкан може да заштеди до 500 милиони евра годишно. Ова е значаен чекор за финансиска интеграција на Македонија со ЕУ.


