МАКЕДОНИЈА СО СКОК НА ФИФА ЛИСТАТА – пет позиции нагоре по одличната форма

Македонската фудбалска репрезентација бележи значаен напредок на најновата ранг-листа на ФИФА, каде што се искачи за пет позиции и сега се наоѓа на 62. место во светот. Скокот на листата доаѓа како резултат на добрата форма и серијата позитивни резултати во изминатиот натпреварувачки период.
Со овој напредок, „црвено-жолтите“ зад себе ги оставија репрезентациите на Албанија, Јордан, Грузија, Буркина Фасо и Обединетите Арапски Емирати. Стабилноста во играта и резултатите внесе нова доза на оптимизам во таборот на македонскиот национален тим, кој под водство на селекторот Благоја Милевски продолжува со натпреварите во квалификациите за Светското првенство.
Следен предизвик за македонските фудбалери ќе биде дуелот против селекцијата на Лихтенштајн, кој се очекува да биде нова можност за потврда на добрата форма и потенцијален дополнителен скок на светската ранг-листа.
На врвот на ФИФА-листата нема промени – Аргентина останува лидер, пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.


