МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРАЗНИ Родени 3.684, починати 4.689

Негативниот природен прираст во второто тримесечје изнесува -1.005, додека бројот на живородените е намален за 3 проценти во однос на лани.

МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРАЗНИ Родени 3.684, починати 4.689
Фото: Принтскрин

Во второто тримесечје од 2026 година во Македонија се регистрирани 3.684 живородени деца, што е за 3 проценти помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во истиот период бројот на починатите лица изнесува 4.689, што претставува намалување од 0,6 проценти во однос на второто тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број починати, 10 биле доенчиња.

Поради поголемиот број на смртни случаи од бројот на раѓања, природниот прираст е негативен и изнесува -1.005 лица. Тоа значи дека во периодот бројот на починатите бил за 1.005 поголем од бројот на живородените.

Статистиката покажува пад и кај склучените бракови. Во второто тримесечје од годината биле склучени 2.732 брака, односно 2,2 проценти помалку во споредба со истиот период од 2025 година.

Во истиот период биле регистрирани и 406 разводи.

НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ Во три месеци починале 1.962 лица повеќе отколку што се родиле

CATEGORIES
Share This