МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ВО ДАНСКА Лазаров ги поштеди играчите по долгото патување
Денеска се одржуваат два тренинга - фитнес во теретана и вежби во сала

Ракометната репрезентација на Македонија од вчера се наоѓа во Силкеборг, Данска. Иако првиот тренинг беше предвиден за попладневните часови, селекторот Кирил Лазаров и стручниот штаб одлучија да ги поштедат играчите поради напорното патување, па тимот доби време за одмор и аклиматизација.
Сепак, веќе денеска македонските ракометари продолжуваат со подготовките со два тренинга. Првиот е фитнес во теретана, додека попладне ќе тренираат во сала.
Македонија ќе има уште неколку денови за подготовки пред Европското првенство, а пред почетокот е планиран и еден неофицијален тест натпревар против машката екипа на Мидтјиланд.
Првенството ќе започне на 16 јануари со дуел против ко-домаќинот Данска, еден од главните фаворити за златото. Следуваат натпреварите со Португалија на 18 јануари и со Романија на 20 јануари.
Целта на Македонија е да се пласира меѓу првите две селекции во групата и да обезбеди место во втората, главна фаза на првенството.


