МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ ВО ПРВИОТ НАТПРЕВАР – Јапонија возврати со победа во вториот во Куманово
Драматична завршница во Куманово - Македонија водеше на полувреме, но Јапонија успеа да го сврти резултатот.

Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот контролен триумф против Јапонија, со победа од 29:27 во натпреварот одигран во салата во Автокоманда.
Натпреварот беше затворен за јавноста, што им овозможи на селекторите Кирил Лазаров и Тони Херона да експериментираат со составите.
Вториот пријателски дуел меѓу двете репрезентации е закажан за 1 ноември во Куманово, со почеток во 16 часот.
Вториот контролен натпревар на македонската машка ракометна репрезентација што се одигра денеска во новореновираната сала во Куманово победа извојува Јапонија. Пред полни трибини, Македонските ракометари воделе на полувреме со 17-16, но Јапонија успеа да го преземе водството во второто полувреме и на крајот славеше со 32-31 во драматична завршница.
Капитенот Филип Кузмановски оцени дека репрезентацијата имала и добри и слаби моменти кои треба да се коригираат. Селекторот Кирил Лазаров го пофали ангажманот на играчите и истакна дека брзата игра на Јапонија претставува одличен тест за македонскиот тим.
Двата натпревари се дел од подготовките на македонскиот национален тим за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Во првата фаза, Македонија ќе игра во групата со Данска, Португалија и Романија.


