МАКЕДОНИЈА НА „MUSEUMUFERFEST“ ВО ФРАНКФУРТ – Претставена како врвна европска туристичка и културна дестинација

Во рамките на настанот беше презентирана и изложбата на Музејот на град Скопје „Масовната гробница во Скупи – една темна страна на римската историја“, која веќе предизвикува голем интерес во Франкфурт.

МАКЕДОНИЈА НА „MUSEUMUFERFEST“ ВО ФРАНКФУРТ – Претставена како врвна европска туристичка и културна дестинација

На познатиот фестивал „Museumuferfest“ во Франкфурт, кој секоја година привлекува илјадници посетители од регионот и светот, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како атрактивна европска дестинација.

Посетителите имаа можност да се запознаат со автентичната култура, природните убавини и гастрономијата на земјата, како и со богатото културно наследство – археолошки локалитети, музеи и артефакти.

Во рамките на настанот беше презентирана и изложбата на Музејот на град Скопје „Масовната гробница во Скупи – една темна страна на римската историја“, која веќе предизвикува голем интерес во Франкфурт.

Податоците покажуваат дека интересот за Македонија расте – само во првите пет месеци од 2025 година земјата ја посетиле над 23.000 германски туристи, што е пораст од 219 проценти во однос на минатата година.

CATEGORIES
Share This