НОВО ПОГЛАВЈЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Денес потпишуваат договор за стратешко партнерство во Лондон

Потпишувањето на овој договор се гледа како потврда за продлабочената соработка меѓу Македонија и Велика Британија по Брегзит, со фокус на економскиот развој, дигиталната трансформација и одржливиот раст.

НОВО ПОГЛАВЈЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Денес потпишуваат договор за стратешко партнерство во Лондон

Во Лондон денеска се потпишува договор за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој се отвора ново поглавје во економската и политичката соработка меѓу двете земји.

Договорот ќе биде официјално потпишан од македонскиот министер за транспорт, Александар Николовски, и британскиот министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Герет Томас.

Според најавите, партнерството ќе овозможи пристап до нови финансиски средства за Македонија, кои ќе бидат наменети за проектно финансирање во клучни сектори како инфраструктурата, транспортот и одржливиот развој.

Министерот Николовски изјави дека финансиските средства што ќе ѝ бидат ставени на располагање на Македонија ќе се искористат исклучиво за конкретни проекти, со цел поттикнување на економскиот развој и зголемување на меѓународната конкурентност на земјата.

„Ова партнерство не само што отвора врати за директни инвестиции и економска соработка, туку истовремено создава услови за модернизација на транспортната инфраструктура и подобрување на бизнис климата“, изјави Николовски.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, порача дека Владата ќе обезбеди целосна транспарентност во трошењето на секој денар добиен преку ова партнерство.

„Секој потрошен цент ќе биде транспарентен. Граѓаните имаат право да знаат како и каде се трошат јавните средства. Ова е договор кој носи резултати, а не празни ветувања“, истакна премиерот.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This