МАКЕДОНИЈА И КАЗАХСТАН РЕМИЗИРАА ВО СКОПЈЕ – Барди беше стрелецот за израмнувањето

Гостите поведоа во 54. минута преку Караман, а капитенот Енис Барди израмни со прекрасен слободен удар во 74. минута.

МАКЕДОНИЈА И КАЗАХСТАН РЕМИЗИРАА ВО СКОПЈЕ – Барди беше стрелецот за израмнувањето

Македонската репрезентација одигра 1:1 против Казахстан на Националната арена „Тодор Проески“ во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Гостите поведоа во 54. минута преку Караман, а капитенот Енис Барди израмни со прекрасен слободен удар во 74. минута. И покрај неколкуте шанси на Ристовски и Серафимов, Македонија не успеа да стигне до победа.

Со овој бод, нашата селекција има 13 поени, еден помалку од лидерот Белгија, а последниот меч ќе го одигра против Велс на 18 ноември во Кардиф.

CATEGORIES
Share This