МАКЕДОНИЈА Е ВО ФЕРТИЛИТЕТНА РЕЦЕСИЈА, потребни се итни мерки
Според податоците што ги презентираше, во 2016 година биле родени 23.000 деца, а во 2024 – само 16.737. За истиот период бројот на починати бил 20.187, што значи дека Македонија имала негативен природен прираст од над 3.500 лица.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, предупреди на сериозната демографска криза во Македонија, нарекувајќи ја состојбата „фертилитетна рецесија“ која трае повеќе од една деценија. Таа повика на итна акција и промена на општествената свест во однос на наталитетот.
Говорејќи за мерките што ги предлага Владата, Стаменкоска-Трајкоска најави шест бесплатни инвитро процедури, финансиска стимулација за прво и второ дете, како и даночни олеснувања за мајките. Според планот:
- за прво дете, мајките ќе бидат ослободени од персонален данок една година;
- за второ – две години;
- за трето и повеќе – цело време до полнолетство на првото дете.
Според податоците што ги презентираше, во 2016 година биле родени 23.000 деца, а во 2024 – само 16.737. За истиот период бројот на починати бил 20.187, што значи дека Македонија имала негативен природен прираст од над 3.500 лица.
„Ова значи дека за само неколку години сме изгубиле популација колку еден град како Кавадарци. Овие бројки се алармантни“, рече Стаменкоска Трајкоска, додавајќи дека стапката на фертилитет паднала од 5.7 во 1950 година на 1.5 денес – далеку под потребните 2.1 за природен прираст.
Таа побара сериозна јавна дебата, долгорочна стратегија и вклучување на сите институции во напорите за промена на негативните демографски трендови.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера ја отфрли можноста за воведување данок за немажените и неженетите лица, истакнувајќи дека идејата била спомената единствено за да се поттикне јавна расправа за демографијата.


