МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАПИША ВТОРАТА ПОБЕДА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ – Во Даблин совладана Ирска

Со силна завршница и пресврт во последната четвртина, Македонија славеше со 88:76 во Даблин.

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАПИША ВТОРАТА ПОБЕДА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ – Во Даблин совладана Ирска
Фото: Принтскрин

Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029, совладувајќи ја Ирска во Даблин со 88:76.
Резултат по четвртини: 27:20, 13:22, 22:19, 14:27.

Дуелот започна подобро за домаќините, кои во раната фаза од втората четвртина стигнаа до највисоки +11 (31:20). Но Македонија возврати со серија од 15:2 и го превзеде водството со 40:37. Третиот период донесе израмнета игра и често менување на резултатот, а последната четвртина беше решавачка: Ирска последен пат поведе со 69:68, по што нашите репрезентативци направија клучна серија од 18:5 и ја заверија победата.

Андреј Јакимовски блесна со 26 поени, а Џејкоб Вајли го следеше со 20 поени. Во другата средба од групата А, Луксембург славеше на гостувањето кај Азербејџан со 95:90. По две кола, и Македонија и Луксембург имаат по две победи.

Следниот натпревар избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе го одиграат на 27 февруари 2026 година, на домашен терен против Луксембург.

CATEGORIES
Share This