МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНАЛ НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар

„Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопшти албанската полиција, додавајќи дека се работи на официјално утврдување на причините.

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНАЛ НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар

Трагедија се случи вчера попладне на албанската ривиера, кога 66-годишен македонски турист го загуби животот на плажа во близина на Каваја, недалеку од Драч. Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот, кога мажот, непосредно по влегувањето во морето, одеднаш се онесвестил и потонал.

Неколкумина присутни на плажата веднаш се впуштиле во обид да го спасат, извлекувајќи го на брегот, но мажот не покажувал знаци на живот.

На местото на настанот брзо пристигнала итната медицинска служба, но и покрај обидите за реанимација, лекарите ја констатирале смртта. Според првичниот извештај на службите, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, кој најверојатно бил предизвикан од ненадејниот напор и температурната разлика помеѓу телото и морската вода.

„Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопшти албанската полиција, додавајќи дека се работи на официјално утврдување на причините.

CATEGORIES
Share This