МАДУРО ПРИСТИГНА ВО ПРИТВОРОТ – Еве кои се негови познати цимери

Претседателот на Венецуела е сместен во притворен центар во Бруклин со некои од најозлогласените личности во САД.

МАДУРО ПРИСТИГНА ВО ПРИТВОРОТ – Еве кои се негови познати цимери
Фото: Принтскрин

Првите слики од венецуелскиот претседател Николас Мадуро се појавија откако тој и неговата сопруга беа префрлени во Соединетите Американски Држави.

Според CNN, парот е сместен во Метрополитен притворен центар во Бруклин, јужен Њујорк, познат по тоа што ги држи некои од најозлогласените притвореници во земјата.

Порталот Axios наведува дека „соседите“ на Мадуро во оваа единица се Гислен Максвел, блиска соработничка на Џефри Епштајн, американскиот рапер Шон Комбс, познат како Пи Диди, мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман Лоера, познат како Ел Чапо

Мадуро и неговата сопруга се дел од притворниот систем каде што се чуваат високо профилни лица од различни области.

CATEGORIES
TAGS
Share This