МАДУРО ПОНИЖЕН: ВРЗАН И СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ – Кршење на меѓународните норми
Преседан кој руши меѓународни норми со јавното понижување на венецуелскиот претседател

Денешната американска акција за заробување на венецуелскиот претседател Мадуро е уште една потврда дека меѓународното право не се применува кога се однесува на некоја светска сила. Гледано според меѓународното право прекршени се повеќе начела и норми од Повелбата на ОН во смила доколку претседателот на суверена држава може насилно да биде отстранет од својот дом, врзан, приведен и однесен во друга земја за да му се суди според нејзините закони, тогаш станува јасно дека правилата што се сметаат за неповредливи не важат кога актер е некоја голема сила.
Целиот настан беше снимен и јавено прикажан со фотографијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро врзан и со заврзани очи на американски воен брод што претставува отворено понижување и грубо кршење на меѓународните норми.
Зборовите и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп имаат далекосежни последици за меѓународното право и можат да се сметаат за форма на правно насилство на глобално ниво.



