ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Во Македонија регистрирани 66 политички партии

Со оглед на тоа што дел од независните иницијативи преминуваат во партиски форми, можно е бројот на учесници на претстојните избори да биде уште поголем од досегашниот

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Во Македонија регистрирани 66 политички партии

Во Единствениот регистар на политички партии, што го води Основниот граѓански суд Скопје, до 7 август годинава се евидентирани вкупно 66 политички партии.

Неколку иницијативи кои на претходните избори настапуваа како независни листи – меѓу кои „Зелен хуман град“, „Зелените од Гази Баба“, „Шанса за Центар“ и „Независните за Карпош“ – овој пат решија да формираат политички партии. Причината е правната празнина што се создаде по одлуката на Уставниот суд, со која беа укинати членови од Изборниот законик што го зголемуваа прагот на потписи за независни кандидати.

Законот предвидува политичка партија да можат да основаат најмалку 1.000 граѓани со право на глас и заверена нотарска изјава и извод од државјнаство, а на секои четири години партиите мора повторно да ги достават заверените потписи за да останат во регистарот.

На последните парламентарни избори учествуваа 61 партија, од кои 11 настапија самостојно, а 50 во пет коалиции. На локалните избори во 2021 година, пак, за 80 општини и за Град Скопје беа потврдени 303 кандидатури за градоначалници и 567 за советници, голем дел од нив поднесени од групи граѓани.

Со оглед на тоа што дел од независните иницијативи преминуваат во партиски форми, можно е бројот на учесници на претстојните избори да биде уште поголем од досегашниот.

Во моментот во судскиот регистар се регистрирани следните политички партии:

Нова Алтернатива НА, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО – ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство, Социјалистичка партија на Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Македонска алијанса, Либерално-Демократска партија – ЛДП, Сојуз на Ромите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија – РЗП, Демократски сојуз ДС, Партија за движење на Турците во Македонија ПДТ, Демократска партија на Србите во Македонија ДПСМ, Партија на Власите од Македонија, Српска напредна странка во Македонија CHCM, Единствена Македонија EM, Демократски сојуз на Власите од Македонија – ДСВМ, Демократска унија за интеграција – ДУИ, Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО, Демократски Сили на Ромите – ДСР, ВМРО-Народна партија ВМРО-НП, Нова социјалдемократска партија -НСДП, Демократска обнова на Македонија – ДОМ, Демократска партија на Албанците – ДПА, Социјалдемократска Унија-СДУ, Партија на обединети Демократи на Македонија- ПОДЕМ, Обединети за Македонија -ОМ, Нова либерална партија – НЛП, Движење за национално единство на Турците – ДНЕТ, Достоинство, Демократска партија на Ромите ДПР, ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ – ПП, Десница, Работничка Партија РП, Граѓанска опција за Македонија -ГРОМ, Обединета Партија за еднаквост на Ромите -ОПЕР, Српска Странка во Македонија ССМ, Партија за општествен и економски напредок -ПОЕН, РОМИ ОБЕДИНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА РОМ, Движење БЕСА „БЕСА”, Алианса на Албанците „A/A”, Левица, Македонска Акција МААК, ГЛАС за Македонија ГЛАС, Бошњачки Демократски Сојуз – БДС, ДЕМОКРАТИ – ДЕМ, ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА- ИНТЕГРА, Партија за демократски просперитет на Ромите ПДПР, АЛТЕРНАТИВА, ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПЦЕР од ЕСМ, ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЦДУ, Твоја партија – Твоја, Родина Македонија РОДИНА, МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА/МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ-СУВЕРЕНИСТИ ЕΡΑ ΤΡΕΤΑ, ДВИЖЕЊЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА, ПРАВА, СЛОБОДА – ДПС, ОПРЕ РΟΜΑ, Политичка партија Македонски Концепт-М Концепт, ЕВРОПСКО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ ЕГД, Политичка партија ДЕСНА ДЕСНА, Европска Демократска Партија – Partia Demokratike Evropiane- ЕДП – PDE, ДЕМОКРАТСКО ДВИЖЕЊЕ ДД, Движење ПОПУЛИ ДП, Унија на Ромите УР, Движење ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА- Движење ЗНАМ, БОШЊАЧКА НАРОДНА ПАРТИЈА – БНП и ABAJA ABAJA.

CATEGORIES
TAGS
Share This