ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Единствена Македонија лидер по број на жени предводници на кандидатски листи
Меѓу сите партии, Единствена Македонија е најголемиот исклучок - токму таа има најмногу жени носителки на кандидатски листи, односно од 29 листи дури 12 предводници се жени, оставајќи зад себе и поголеми партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

На претстојните локални избори 2025 жените речиси целосно отсуствуваат од трката за локалната власт. Од вкупно 312 кандидати, жените се само неколку, а и кај носителите на советнички листи од вкупно 575, нивната бројка е ограничена.
Иако законот предвидува секој трет кандидат на советничките листи да биде жена, ова правило не важи за носителки на советнички листи и градоначалничките кандидатури, каде што владее машка доминација.
Меѓу сите партии, Единствена Македонија е најголемиот исклучок – токму таа има најмногу жени носителки на кандидатски листи, односно од 29 листи дури 12 предводници се жени, оставајќи зад себе и поголеми партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Кампањата ќе започне на 29 септември, а првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.


