ЛИВЕРПУЛ ПОДГОТВУВА РЕКОРДЕН ТРАНСФЕР – Џуд Белингем на „Енфилд“

Ливерпул е подготвен да плати 180 милиони евра за младата ѕвезда на Реал Мадрид

ЛИВЕРПУЛ ПОДГОТВУВА РЕКОРДЕН ТРАНСФЕР – Џуд Белингем на „Енфилд“
Фото: Принтскрин

Ливерпул, според шпанската веб-страница Fichajes, планира да го урне својот клупски рекорд со обид да го доведе Џуд Белингем од Реал Мадрид. За младата ѕвезда клубот е подготвен да понуди 180 милиони евра, што би го направило трет најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Според Трансфермаркт, петте најголеми трансфери досега се: Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ), Килијан Мбапе – 188 милиони евра (Монако → ПСЖ), Усман Дембеле – 148 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона), Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) и Филипе Кутињо – 135 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

Сепак, засега нема сигнали дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде Белингем за таа сума. И покрај тоа, Ливерпул ќе направи обид да го донесе еден од најдобрите фудбалери во светот.

CATEGORIES
Share This