ЛИТВАНСКА ВЕЧЕТ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“: Пијано дуо и изложба посветена на Чиурлионис

Пијанистите, кои настапуваат заедно од 1997 година, претставија репертоар со дела за четири раце и две пијана, вклучувајќи композиции од Моцарт, Равел, Дебиси, Чиурлионис и други, со што ја воодушевија охридската публика.

ЛИТВАНСКА ВЕЧЕТ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“: Пијано дуо и изложба посветена на Чиурлионис

Седмиот ден од Фестивалот „Охридско лето“ беше посветен на Литванската уметност и култура, со музички и визуелен настан во Катедралната црква „Света Софија“. Публиката имаше можност да ужива во концертот на познатото пијано дуо Рокас Зубовас и Соната Девејките-Зубовиене, како и во изложбата на репродукции од делата на легендарниот литвански уметник Микалојус Константинас Чиурлионис.

Пијанистите, кои настапуваат заедно од 1997 година, претставија репертоар со дела за четири раце и две пијана, вклучувајќи композиции од Моцарт, Равел, Дебиси, Чиурлионис и други, со што ја воодушевија охридската публика.

Изложбата, посветена на Чиурлионис – истовремено композитор и сликар, понуди уникатен увид во неговата уметност каде музиката и сликарството се спојуваат во авангардна хармонија. Делата, инспирирани од симфониски и сонатни форми, нудеа „визуелно темпо“ и „звучни“ слики, создавајќи несекојдневно естетско доживување.

Настанот започна во 21 часот, продолжувајќи ја традицијата на Фестивалот да обединува различни култури преку уметноста.

CATEGORIES
Share This