ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – нејзината противничка го предаде мечот во вториот сет
Нејзината противничка, Русинката Дарја Астахова, го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови, а во третиот гем со резултат 40/0 поради повреда.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот W75 Куршумлијска Бања, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Нејзината противничка, Русинката Дарја Астахова, го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови, а во третиот гем со резултат 40/0 поради повреда.
Првиот сет беше неизвесен – Ѓорческа имаше водство од 5:2 во гемови, но Астахова израмни, по што македонската тенисерка сепак го доби тај-брејкот со 8:6.
Во четвртфиналето, Ѓорческа утре ќе игра против Италијанката Аурора Ѕантедески, која со 2-1 во сетови ја елиминира петтата носителка, Португалката Матиле Жорге.
CATEGORIES Останати спортови


