ЛЕТОТО ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА Температурите денеска ќе достигнат до 30 степени
По свежото утро, следува вистински летен ден низ целата земја со многу сонце и пријатно топло време.

Фото: Национал
Времето денеска (30.05) ќе биде сончево со мала локална облачност и температтура во интервал од 4 степени во утринските часови до 30 степени во текот на денот – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец (наместа над 40 km/h).
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
T=29°C. P=980hPa. U=25%. V=4m/s.
CATEGORIES Македонија
