ЛЕПА ЛУКИЌ ОТКРИ ШОКАНТНА СЦЕНА ОД МИНАТОТО Ја фатив со маж ми, ја избркав гола – не ѝ дадов ни облека!
Планот за патување во странство на десет дена се претворил во ненадејно враќање дома - и во неочекувана сцена.

Познатата фолк-пејачка Лепа Лукиќ во едно неодамнешно интервју открила шокантен момент од својот приватен живот, кој предизвика бурни реакции во јавноста. Таа без задршка раскажала дека лично фатила еден од своите поранешни сопрузи во прељуба – во нивната семејна куќа.
Како што истакнала Лукиќ, инцидентот се случил во времето кога била во брак со менаџерот Владимир Перовиќ, со кого се омажила во 1977 година. Планот за патување во странство на десет дена се претворил во ненадејно враќање дома – и во неочекувана сцена.
„Реков дека одам да пеам во странство десет дена. Тој ме возеше до аеродром, се бакнавме за збогум. Но, истата вечер се вратив. Ги најдов во спалната соба, се подготвуваа… Ја исфрлив жената од дома – гола! Ме молеше да ѝ дадам облека, но не ѝ дадов. Подоцна ѝ ја фрлив гардеробата по скалите“ – раскажа пејачката.
Поради тоа што Перовиќ подоцна се оженил со пејачката Сузана Перовиќ, многумина шпекулираа дека токму таа била жената фатена во прељуба. Но, Сузана неодамна реши да ја расчисти ситуацијата.
„Напротив! Прво, сè уште сум во брак со него. Луѓето зборуваат, шпекулираат… Кога излегов од едно реално шоу, слушнав дека некои тврдат оти јас сум таа што била фатена. Тоа не е точно. Кога тие двајца се венчаа, јас имав околу 12 години. Тоа не е дел од мојот живот и не сакам да зборувам за нешто во кое не сум учествувала – изјави Сузана за „Гранд“.
Скандалот од минатото, иако повторно актуализиран, не влијае врз актуелниот брак на Владимир и Сузана Перовиќ, додека Лепа Лукиќ останува искрена и отворена за животните подеми и падови што ги доживеала.


