ЛЕГЕНДАРНИОТ ЛУЧЕСКУ СЕ ОНЕСВЕСТИ НА ТРЕНИНГ – Најтрофејниот тренер на Романија пренесен во болница
Најтрофејниот тренер во романскиот фудбал се подготвуваше за својот последен меч како селектор.

Фото: Принтскрин
Легендарниот фудбалски тренер Мирчеа Луческу (80) утринава се онесвести за време на тренинг на романската национална селекција и веднаш беше пренесен во Универзитетската болница во Букурешт. Според лекарите, станува збор за срцева синкопа, која се јавува кај различни срцеви заболувања, како аритмии, срцеви удари или проблеми со залистоците, и се манифестира со кратко и ненадејно губење на свеста.
Луческу, едно од најтрофејните имиња во светскиот фудбал и веројатно најпознатото име во романскиот фудбал, се подготвуваше за својот последен меч како селектор, пријателски натпревар против Словачка во Братислава, кој требаше да се игра во вторник.
CATEGORIES Фудбал
