ЛАЗАРОВ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ – Со најсилен состав во клучниот дуел со Портуугалија
Жарко Пешевски и Никола Митревски се враќаат по повредите

Фото: Архива
Македонската ракометна репрезентација го игра својот втор натпревар на Европското првенство, а противник ќе ѝ биде Португалија. Дуелот започнува во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ Арената.
Селекторот Кирил Лазаров го објави составот за овој клучен меч, при што се вратија Жарко Пешевски и Никола Митревски, кои го пропуштија дуелот со Данска поради мали повреди.
Македонија е во ситуација во која победата е неопходна за да продолжи со надеж за пласирање во главната рунда.
Поради тоа, Иван Галевски ќе отсуствува, а шанса за настап во следниот меч ќе бараат Дамјан Митев и Самоил Ристевски.
CATEGORIES Ракомет


