ЛАВРОВ: Обвинувањата за рускиот дрон во Лајпциг се почеток на вистинска војна

Рускиот министер ги отфрли обвинувањата против Москва и остро реагираше на потезите на Германија кон Русија.

ЛАВРОВ: Обвинувањата за рускиот дрон во Лајпциг се почеток на вистинска војна
Фото: Принтскрин

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли обвинувањата од западните земји дека Москва е вмешана во инцидентот со беспилотното летало на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, оценувајќи дека таквите тврдења се „почеток на вистинска војна“.

Лавров, според руската агенција РИА Новости, изјави дека германските власти не спровеле соодветна истрага пред да заклучат дека станува збор за руски дрон.

„Пронајдоа беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг и рекоа дека е руски, но никој не се потруди да истражи. Ова, во основа, е почеток на вистинска војна“, изјави Лавров.

Тој ги поврза обвинувањата со последните одлуки на Берлин кон Москва, вклучително и најавеното затворање на рускиот генерален конзулат во Бон и прекинот на договорот со Рускиот дом во Берлин.

Лавров притоа направи историска споредба со периодот пред Втората светска војна, потсетувајќи дека тогаш, според него, Германија исто така ги затворала дипломатските мисии.

Рускиот министер додаде дека Москва ќе ги земе предвид и изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за плановите за зајакнување на германската армија и врз основа на нив ќе ги донесе „соодветните заклучоци“.

Германската влада на 1 септември соопшти дека смета оти Русија стои зад обидот за напад со дрон натоварен со експлозиви на аеродромот Лајпциг/Хале. Москва ги отфрла обвинувањата како неосновани.

ЛАВРОВ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ДО БЕРЛИН Русија го затвора Гете-институтот

CATEGORIES
Share This