КРОС СО ЖЕСТОКА КРИТИКА Винициус, време е да се смириш!

Тони Крос, една од најголемите легенди на Реал Мадрид, не се воздржа од критики кон својот поранешен соиграч Винициус Жуниор. Иако Крос веќе не е активен играч, неговото незадоволство од однесувањето на Бразилецот останува актуелно. „Во вакви моменти многу пати му реков дека е доста и дека треба да престане, бидејќи чувствував дека целиот тим на крајот страда поради неговото однесување“, изјави Крос, нагласувајќи дека гестовите на Виницијус создаваат напнатост во тимот.
Крос објасни дека проблемите не се ограничени само на индивидуалното ниво, туку влијаат и на колективната игра. „Во тимот имавме впечаток дека сè се свртува против нас поради тоа што се случуваше околу него“, додаде Германецот. Според неговите зборови, конфликтите поврзани со Винициус одвлекувале внимание и создавале дополнителен притисок на останатите играчи.
Оваа ситуација, според Крос, не само што ја нарушува атмосферата во соблекувалната, туку и го комплицира функционирањето на тимот. Неговата порака е јасна: „Престани веќе!“ – повик за смирување и фокусирање на играта, а не на спорните моменти.

