КРИЗА ВО НИГЕРИСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Бојкот на тренинг пред клучниот меч за СП!

Во последните часови, ситуацијата во фудбалската репрезентација на Нигерија достигна критична точка. Пред важниот меч за пласман на Светското првенство, играчите одлучија да го бојкотираат тренингот, протестирајќи против неплатени бонуси и надоместоци. Нигерија, која е актуелен вицешампион на Африка, не успеа да се квалификува директно на Мундијалот и сега се наоѓа во ситуација да се бори за своето место во баражот.
Капитенот на репрезентацијата, Вилијам Трост-Екхонг, преку социјалните мрежи изрази надеж дека проблемот ќе биде решен: “Кога ќе се најде решение, ние први ќе потврдиме. Сè што сакаме е да се фокусираме на важните натпревари кои се пред нас.” Сепак, ситуацијата се влоши, а играчите не тренираа во знак на протест.
Среќа за Нигерија, денеска капитенот повторно се огласи, потврдувајќи дека Фудбалскиот сојуз реагирал и дека средствата се исплатени. “Проблемот е решен. Сите финансиски прашања се завршени и сега сме на теренот. Тимот е обединет и, како и пред тоа, фокусиран на тоа да ја претстави Нигерија со максимален ефект во следните натпревари.”
Нигерија утре ќе се соочи со Габон во рамките на полуфиналето на баражот, а победникот од овој натпревар ќе продолжи во финалето, каде ќе се бори за место на Светското првенство во Мексико. Сите очи ќе бидат вперени кон овој важен дуел, а дали кризата оставила последици, ќе видиме веќе утре во 17 часот.


